Достапни линкови

Во Шпанија упасени лица за поврзаност со Ал Каеда


Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека биле уапсени најмалку седум лица под сомневање дека фалсификувале пасоши за терористичката мрежа Ал Каеда. Апсењата биле извршени вчера и денеска во Барцелона и во други делови на Каталонија. Шпанските медиуми наведуваат дека станува збор за пакистанци кои пасошите ги испраќале до групи на Тајланд, поврзани со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG