Достапни линкови

Почна самитот на ОБСЕ во Казахстан


Во главниот град на Казахстан, Астана денеска почна самиот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Казахстан е првата пост советска држава која претседава со ова врвно европско тело за заштита на демократијата и на човековите права. Претседателот на Казхастан Нурсултан Назарбаев, во поздравниот говор изјави дека самитот во Астана е знак за повтоно раѓање на ОБСЕ. Но, критичарите велат дека Казхастан е лош избор со оглед на негативните оценки за почитувањето на човековите права во таа земја. На самитот зборуваше и американскиот државен секретар Хилари Клинтон која побара поголема улога на ОБСЕ во Авганистан. Последниот самит на ОБСЕ беше одржан во 1999 година во Истанбул.
XS
SM
MD
LG