Достапни линкови

logo-print

Почнува дводневен самит на ОБСЕ


Шефови на држави или влади од 56 членки на ОБСЕ и 12 партнерски земји денеска во главниот град на Казахстан, Астана, ќе го започнат седмиот самит на оваа организација, прв по 11 години. Темата на дводневниот собир е безбедноста во 21 век, а ќе се дебатира и за иднината на Организацијата, за стабилизацијата на Авганистан, релациите Русија – Грузија, политичката криза во Киргистан, за борбата против тероризмот и тровијата со дрога. На самитот, меѓу другите, ќе учествуваат претседателите на Русија, Финска и Авганистан, премиерите на Италија, Франција и Германија, како и американската државна секретарка Хилари Клинтон. Република Македонија ќе биде претставувана од претседателот Ѓорге Иванов.
XS
SM
MD
LG