Достапни линкови

Стејт департментот блокира пристап до своја база на податоци


Американскиот Стејт департмент привремено го блокира пристапот до една своја база на податоци од воениот сајт, во рамките на мерките за спречување на ново истекување информации, по објавувањето на илјадници дипломатски пораки на сајтот Викиликс. Ова го соопшти портпаролот Филип Кроули, не прецизирајќи за која база станува збор. Во меѓувреме секретарот за одбрана Роберт Гејтс исјави дека протекувањето на ваквите информации е непријатно, меѓутоа нагласи оти тоа ќе има доста скромни последици за американската надворешна политика.
XS
SM
MD
LG