Достапни линкови

Екстремните горештини во иднина почести и поинтензивни


Претставник на Светската метеоролошка организација предупреди дека силните топлотни бранови, како оние во кои илјадници луѓе настрадаа во Европа во 2003 година или во Русија годинава, во иднина ќе претставуваат просечна летна температура, со загревањето на Земјата. На собирот на ОН за клима во Канкун, Мексико, директорот на центарот за истражување на оваа организација Гасам Асрар изјави дека трендовите од последните децении укажуваат дека екстремните горештини ќе бидат почести и поинтензивни. Сепак тој нагласи дека треба да се спроведат уште истражувања за да се донесат заклучоци на глобално ниво.
XS
SM
MD
LG