Достапни линкови

logo-print

Груевски и Папандреу тет-а-тет по 8 пат


Во Триполи се одржа осмата средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу на маргините на Самитот на ЕУ и Африка.
По денешната тет-а–тет премиерска средба министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави дека ваквите средби може да придонесат за натамошно зголемување на довербата меѓу Македонија и Грција.
„Најважно е што и Македонија и Грција имаат политичка посветеност и определба овој македонско-грчки дијалог да продолжи и во иднина, изјави Милошоски“.
Груевски и Папандреу покрај за грчко – македонскиот спор размениле мислења и за економските збиднувања во соседна Грција, случувањата во ЕУ и еврозоната, како и за можностите за зголемена економска и регионална соработка во вакви околности.
XS
SM
MD
LG