Достапни линкови

Наместо работа, отказ


Отпуштените работници од Центарот за социјални работи во Куманово
Отпуштените работници од Центарот за социјални работи во Куманово

Ниту партиската книшка не помага. По пет години работа во Центарот за социјални работи во Куманово, наместо трајно вработување, добиле отказ.

Пет поранешни вработени во Центарот за социјални работи во Куманово по долги години работа по разни основи, на последниот конкурс за трајно вработување биле одбиени. Тие реагираат дека нововработените нивните работни места ги пополниле по роднински и пријателски врски на некои од партиските функционери на партијата на централната власт.
За конкурсот беше донесен список од ВМРО-ДПМНЕ, а претходно бевме поделени на новодојдени и затечени. Ни беше кажано и ако сакаме да го задржиме да работното место да се зачлениме и бевме активни заради работно место

Војислава Вељковиќ раскажува дека во Центарот била вработена како техничко лице уште во 1996 година како социјален случај, а потоа:

„Работев за социјална помош и по некоја парична помош. Така до 2001 година, кога ме префрлија со договор на дело со прекини до месец дена. Од 2007 година ме префрлија на Агенција за времени вработувања, се до ноември годинава. Договорот важеше до декември, но конкурсот беше распишан за вработување, иако без работно искуство, ние се надевавме и петте колешки не бевме примени. Немаме никакво образложение, само добивме листа од директорката кои се примени.“

Таа додава дека се примени роднини и пријатели на партиски функционери бидејќи:

„За конкурсот беше донесен список од ВМРО-ДПМНЕ, а претходно бевме поделени на новодојдени и затечени. Ни беше кажано и ако сакаме да го задржиме да работното место да се зачлениме и бевме активни заради работно место.“

Фросина Цветковска социјален работник по шест години работа без пари, како волонтер и со некакви надоместоци во Дневниот центар за зависности од дрога на новиот конкурс не била примена.
Кога дојде време да добиеме решенија ние бевме избркани од работа без никаква причина. Бев да барам исписница од ВМРО-ДПМНЕ, но ми рекоа дека не сум член. Кога прашав на која основа сум плаќала по 600 денари ми рекоа дека сум работела и затоа сум плаќала


„Кога дојде време да добиеме решенија ние бевме избркани од работа без никаква причина. Бев да барам исписница од ВМРО-ДПМНЕ, но ми рекоа дека не сум член. Кога прашав на која основа сум плаќала по 600 денари ми рекоа дека сум работела и затоа сум плаќала.“

Наташа Поповска социјален работник во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост вели дека работното место на кое таа работела по конкурсот е пополнето, но нововработената не се појавува на работа, бидејќи според неа таа работи во Скопје. Поради, според поранешните вработени, нерегуларности на конкурсот и вработувањето тие поднеле приговор, а најавуваат и тужба.

„На самиот приговор на конкурсот за кратко време направија Управен одбор кој не постоеше, а еден од членовите е примен на конкурсот на кој ние конкуриравме.“

Вели Поповска.
Од директорката во Центарот за социјални работи не можевме да добиеме мислење бидејќи беше отсутна, а во ОК на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека договорите за работа им истекле и дека нивно право е да се жалат.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG