Достапни линкови

Повторно одрони на патот Дебар-Маврово


Одрони на патниот правец Дебар-Маврово
Одрони на патниот правец Дебар-Маврово

Нов одрон на патниот правец  Дебар – Маврово поради што четири часа беше прекинат сообраќајот.

Овој патен правец кој многу експерти во земјава го класифицираат како еден од најопасен во земјава, до сега нема претрпено некои поголеми санации, така што тој на десетина места навистина е со големи опасности за оние кои учествуваат во сообраќајот. Тоа го потврди и денешниот голем одрон на карпа во близина на селото Сенце во регионот на Долна Река, кога имаше и четири часовен прекин на сообраќајот. Трите општини од најзападниот регион на Македонија, Дебар, Маврово Ростуше и Центар Жупа постојано бараат превземање на крупни активности за подобрување на безбедностната во сообракајот но до сега не е сторено ништо. Градоначалникот на општина Дебар, Аргетим Фида покрај изнесувањето на оценката дека патот е опасен упатува и апел до надлежните конечно да превземаат конкретни активности:

,,Ние и минатата година стравуваме, а тоа се потврди и денеска кога дојде до времена блокада на овој пат, поради одрони на карпа. Потребно е долгорочно решение на проблемот. Скоро секој ден граѓаните на трите општини се во
Дебарската општина бара помош од државата
потенцијален ризик. Упатувам апел до сите структури на државата да превземаат мерки за санација на овие свлечишта да граѓаните патуваат без ризици. Овде беа и највисоките државни структури и им е објаснат проблемот и тие ветија решавање на проблемот. Поривање со метална мрежа има, но во многу мал дел, мрежи се потребни во многу други делници на овој пат."

Вели Фида и додава дека треба и ЈП ,,Македонија пат" да го карегоризира овој пат од равничарски на планински бидејќи навистина тој е планински со што нема да има одржување на патот само со тројца вработени во пунктот на оваа претпријатие во Дебар.
И градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди смета дека потребно е долгорочно решение. За опасностите што ги носи овој патен правец имаат расправано и претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување, потоа претставниците на сообраќајната полиција и притоа е изнесувана потребата од долгорочно решавање на проблемот, бидејќи овој патен правец има многу проблеми со одроните на камен, земја, а во зимата и со лавините. Учесниците во сообраќајот, секојдневно при патување на овој патен правец стравуваат од одрони и тоа со право бидејќи одроните се секојдневни.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG