Достапни линкови

Причина за уривањето на покривот на тетовската болница е човечки фактор?


Директорот на тетовската клиничка болница Атила Реџепи за вчерашното уривање на покривот на болницата денеска изјави дека временските неприлики не биле силни до тој степен за да се помести и падне комплетната кровна конструкција на болницата. Тој додаде дека има простор за кривична одговорност затоа што, како што вели, причина за распаѓањето и разнесувањето на дел од покривот е последица на неквалитетно изведени градежни работи. Покривот бил реновиран пред три години. При уривањето на дел од покривот на тетовската болница загина една девојка а други две лица беа повредени.
Опозициската партија СДСМ на прес конференција апелира да се работи на проектот „ Триумф на здравиот разум и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани во осиромашената Македонија 2010“.
Во писмената реакција на ВМРО ДПМНЕ се вели дека е жално што СДСМ го искористува случајот за ситени политички поени и дека со својата негрижа кон здравствениот систем оставиле јавен долг во здравството од 80 милиони евра.
XS
SM
MD
LG