Достапни линкови

Протести во Романија поради предлогот Ромите да се пишуваат „Цигани“ во официјалните документи


Околу 100 претставници на невладини организации за заштита на човековите права и правата на малцинствата денеска протестираа во Букурешт против намерата во официјалните документи да се смени именувањето „ром“ со „циган“, јавуваат романските медиуми.
Владата во Романија го разгледува предлогот на владеачката Демократско-либерална партија за смена на именувањето поради сличностите меѓу „ромски“ и „романски“.
Во Романија има 500.000 Роми, но според неофицијални проценки нивниот број изнесува околу 1,5 милион.
XS
SM
MD
LG