Достапни линкови

Газпром не ја исклучува можноста да ја „заобиколи“ Бугарија


„Газпром“ не ја исклучува можноста гасоводот „Јужен Поток“ да ја заобиколи Бугарија и да „излезе“ од морето на црноморскиот брег на Романија. Ова го изјави денеска раководителот на Одделот за менаџирање на проекти на рускиот нафтен гигант Леонид Чугунов.Тој додаде дека од рускиот брег на Црното Море би требало да поаѓаат четири краци на гасоводот, но се уште се утврдуваат координатите за нивна изградба.Според досегашниот план за изградба на „Јужен Поток“ се предвидува тој да поаѓа од рускиот брег на Црното Море до Бугарија и оттаму преку Србија, Унгарија и Словенија да продолжи кон Австрија и северна Италија.
Покрај ова се размислува од основната рута на гасоводот да се издвојуваат и краци кон Македонија, Хрватска, Грција и Турција.
Изградбата на гасоводот „Јужен Поток“, според сегашните проценки, треба да чини околу 15,5 милијарди евра, од кои 10 милијарди ќе бидат потрошени за изградба на делот по дното на Црното Море, а останатите 5,5 милијарди за маршутата по копно.
XS
SM
MD
LG