Достапни линкови

Политиката ги подели и медиумите. Секое случување се искористува за да се даде ,,политичка боја", а поларизацијата засилено се чувствува со наближувањето на избори.

Партиите се обидуваат да ги искористат медиумите за добивање поени во контекст на најавите за предвремени избори, оценуваат експертите. Комуникологот Петар Арсовски вели дека во очекување на предизборна кампања се чувствува поларизација и кај медиумите и кај партиите, но сепак според него неможе да се каже дека некои медиуми кои заземаат политички став дека имаат блискост со одредена политичка партија или обратно со
Тоа што сега се случува во Македонија е поларизација на медиумите кои заземаат една политичка определба на лево и на десно од политичкиот спектар и партиите се мобилизираат околу таа поддршка
владата:

,,Тоа што сега се случува во Македонија е поларизација на медиумите кои заземаат една политичка определба на лево и на десно од политичкиот спектар и партиите се мобилизираат околу таа поддршка. Тоа е нормално да се очекува, тие се во низок старт во очекување на предизборна кампања. Така што мислам дека ова поврзување помеѓу медиумите и политичките партии само ќе се засилува како што ќе се наближуваат изборите."

Дури и да нема избори пред рок од две години колку што останува до редовниот термин, не е долго време за опозицијата да се спротивстави бидејќи власта сеуште има голем рејтинг и обратно, власта да ја задржи поддршката, вели професорот Ило Трајковски:

,,Така што мислам дека е сосема лудо да се претпостави дека е тоа така, дека настојуваат да ги зајакнат своите позиции во медиумите кои што можат да им се најдат."

Според него очигледно е дека дел од партиските водства се многу вешти и секоја инцијатива ја искористуваат и и даваат партиска боја, па во таа смисла и на медиумскиот простор. Политиката функционира со јасни подделби, пријатели и непријатели и тука ништо не останува за трети односно независни или неутрални, тоа е едноставно е феномен на преокупација, оценува професорот Трајковски:

,,Тоа е типичен феномен за други земји, ама и опозицијата е задоена со друга идеја дека се мора да биде под нивна контрола и се се чита од аспект на тоа дали е добро или лошо за нив."
Политичката определеност на медиумите, таа на Запад постои, но проблем е кога таа политичка определеност се крие зад наводно информирање, а не уреднички став


Македонија генерално има проблем со политиката која е навлезена во сите пори, а медиумите се најекспонираниот простор каде може тоа да се отчитува:

,,Политичката определеност на медиумите, таа на Запад постои, но проблем е кога таа политичка определеност се крие зад наводно информирање, а не уреднички став."

вели Арсовски.
Еден од индикаторите на политичко-партиска колонизација на јавниот простор според Трајковски е присутството на текстови на политичари во колумни во медиумите иако овој простор по правило во најголем дел треба да им биде остапен на интелектуалните и граѓански елити, со оглед на тоа дека политичарите најмногу можат да бидат присутни во јавноста и преку говорницата во Собранието.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG