Достапни линкови

Американското Министерство за правда ќе покрене постапка против сите за кои ќе биде утврдено дека ги прекршиле американските закони во врска со објавувањето доверливи дипломатски телеграми на веб страницата Викиликс. Колкава е штетата и што натаму, реагираат во Вашингтон, но и во светот.

„Објавувањето на тајните документи на Соединетите Држави до кои дојде интернет страницата Викиликс ја доведува во опасност безбедноста на нацијата, но и односите на Америка со странските влади.“

Ова е оценката на американскиот државен обвинител Ерик Холдер, наведувајќи дека за активностите на Викиликс се водела кривична истрага.
Очигледно, ова многу не загрижува, бидејќи не сакаме некој во некоја од земјите кои би можеле да бидат погодени од ваквото протекување да се посомнева во нашите намери и
обврски.

Претходно, и Белата Куќа излезе со оценка дека ваквиот потег на Викиликс претставува тешко злосторство и сериозна закана за луѓето кои ја водат американската надворешна политика.

Потврдувајќи дека администрацијата агресивно ќе ги гони одговорните за последното истекување на повеќе од 250 илјади доверливи информации, државниот секретар Хилари Клинтон оцени дека тоа не е напад само врз Соединетите Држави, туку и врз меѓународната заедница.

„Очигледно, ова многу не загрижува, бидејќи не сакаме некој во некоја од земјите кои би можеле да бидат погодени од ваквото протекување да се посомнева во нашите намери и обврски.“


Американските сојзници, Британија, Франција, Германија и Италија веќе излегоа со оценка дека забелешките кои се однесуваат на нивните лидери нема негативно да се одразат врз односите со Вашингтон.

Во една телеграма се вклучени и детали за многу блиските односи на Владимир Путин со Силвио Берлускони и за наводните врски на руската влада со организираниот криминал.

Ваквите забелешки за руските лидери, според политичкиот аналитичар Фјодор Лукјанов, се вообичаени кога се зборува во затворените дипломатски, не само американски ходници.
Оваа информација не протече. Овие документи се пуштени регуларно и тоа е дел од планираниот начин на исполнување на политичките цели. Од наша гледна точка, тоа нема вистинска
тежина.

„Не мислам дека ова ќе му нашети на ресетирањето на односите меѓу двете земји. Но ресетирањето ќе има проблеми доколку не биде ратификуван договорот за контрола на нуклеарното оружје СТАРТ“, вели Лукјанов.

Инаку, еден од најинтересните документи објавени на Викиликс е барањето на саудискиот крал Абдула до Соединетите Држави да го нападнат Иран.

„Кралот им рече на Американците да и ја пресечат главата на змијата“, се цитира саудискиот амбасадор во Вашингтон.

И додека некои се на мислење дека ова ќе ги залади односите меѓу Иран и Саудиска Арабија, други се на став дека тоа ќе му помогне на американскиот претседател Барак Обама да ја зацврсти политиката спрема иранскиот лидер Махмуд Ахмадинеџад.

Со такво сомневање изелезе и Ахмадинеџад на вчерашната прес конференција:


„Оваа информација не протече. Овие документи се пуштени регуларно и тоа е дел од планираниот начин на исполнување на политичките цели. Од наша гледна точка, тоа нема вистинска тежина“, изјави Ахмадинеџад.

Тој наведува дека некои секции во рамките на американската влада го подготвиле објавувањето на документите и оти потоа врз основа на нив тие и самите ќе суделе.

Како и да е, повеќето експерти се на став дека новообјавените доверливи документи на Викиликс не би можело посуштествено да ја сменат светската дипломатска атмосфера.

Тие, како што се наведува, само подиректно ги потцртуваат и онака познатите односи на меѓународната сцена.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG