Достапни линкови

Завршува самитот ЕУ- Африка


Во Триполи, Либија, денеска завршува Самитот ЕУ- Африка, на кој 80 лидери на европски и африкански земји разговараат за новиот партнерски однос меѓу двата континента. Учесниците на собирот ќе дебатираат како двата континента можат да постигнат напредок во заедничките приоритети, промовирајќи одржлив развој, вработување и совладување на последиците од економската и финансиска криза, особено создавајќи подобра бизнис и инвестициска клима.
Македонија ја претставуваат премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG