Достапни линкови

САД ќе прави ревизија на доверливите документи


Американската администрација денеска нареди во сите државни агенции да се направи проверка како се чуваат и заштитуваат доверливите информации, јавува новинската агенција Асошиетед Прес. Овој потег следува по објавувањето на 250 илјади документи од Стејт Департментот на интернет страната Викиликс. Според информациите на агенцијата, Канцеларијата за управа и буџет наложила да се формираат тимови за процена на безбедноста и да се оневозможи пристап на вработените до доверливи информации повеќе од потребното.
XS
SM
MD
LG