Достапни линкови

logo-print

Почна состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија


Во Брисел денеска почна дводневниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Европската Унија и Македонија на кој се очекува Европа да ја искаже подршката за Македонија во борбата против корупцијата и да предложи државата да започне преговори што поскоро.
Нацрт - препораките кои треба да бидат усвоени утре на крајот од состанокот, се очекува да биде потврдена препораката на Европската комисија за почеток на преговори со Македонија, јавува новинската агенција МИА.Се очекува во препораките уште еднаш да бидат охрабрени владите на Македонија и Грција да ги интензивираат преговорите во рамките на ОН за да најдат решение за разликите околу името.
Претседател на делегацијата на Европскиот парламент за Македонија, Јорго Шацимаркакис најави дека на состанокот ќе се зборува и за печатот и слободата на изразување.
XS
SM
MD
LG