Достапни линкови

Луначек: Нема одреден датум за визна либерализација за Косово


Известувачот на Европскиот парламент за Косово Урлике Луначек денеска во Приштина изјави дека нема одреден датум за либерализација на визниот режим на Еврoпската унија за Косово. Овој коментaр следи по изјавата на косовскиот премиер во оставка Хашим Тачи дека, ако повторно биде избран за премиер, Косово во рок од 15 месеци ќе биде добие визна либерализација за земјите од ЕУ. Луначек денеска се сретна со косовскиот министер за внатрешни работи на заминување Бајрам Реџепи. Реџепи по средбата изјави дека 7 претставници на Европскиот парламент на 12 декември, ќе присуствуваат во Косово во текот на изборите.
XS
SM
MD
LG