Достапни линкови

Три експлозии во Киргистан


Киргистанските власти соопштија дека во јужниот дел на земјата во градот Ош се слушнале три експлозии при што еден член на безбедносните сили е ранет. Владиниот портпалол соопшти дека се сомневаат дека за првата експлозија е виновен исламски бунтовник кој фрлил граната врз специјалните безбедносни сили, додека за другите две се уште не се соопштени детали. Минатата година 400 луѓе загинаа во меѓуетнички судири во истиот град.
XS
SM
MD
LG