Достапни линкови

ОБСЕ ќе испрати набљудувачка мисија во Киргистан


Директорот на Центар за превенција од конфликти на ОБСЕ Херберт Салберт изјави дека организацијата планира да испрати 30 невооружени полицајци во Киргистан во почетокот на 2011-та година. Најголемиот дел од полицајците ќе бидат распоредени во набљудувачка мисија во јужниот дел на земјата каде што лани при етнички судири меѓу Киргистанци и Узбекистанци загинаа над 400 луѓе.Основаната задача на мисијата на ОБСЕ ќе биде да и помогне на полицијата да ја врати меѓуетничката доверба.
XS
SM
MD
LG