Достапни линкови

logo-print

Ваши коментари


Случувањата во А1, најкоментиран настан на нашата веб страна

Случувањата во А1, најкоментиран настан на нашата веб страна

Случувањата на „Перо Наков бб" очекувано, со најмногу коментари меѓу нашите слушатели.

Што мислите, почитувани, што е тема број еден во изминативе неколку дена во Македонија, па и на веб-страниците на Радио Слободна Европа?

Коки од Скопје, со доза на саркастичен хумор, препорачува народот да не чува кеш по дома, зашто утре, вели, ќе ви упадне полиција, ќе кажат дека парите најверојатни ви се од А1, а дури проверат - ќе ви бидат одземени! Коки од Скопје реагира што Управата за јавни приходи кажувала различни бројки за контролираните фирми, па пишува: „Навистина човек не може да ги сфати сериозно како државна установа за вршење контрола, а и тоа дека А1 не е предмет на контрола??? (прашува Коки со три прашалници), и покрај другото, ги жали и полицајците за кои вели дека ,,ни тие не знаеја каде треба да стојат и зошто се повикани таму...“

Новак од градот ЕУ се чуди како УЈП не била во состојба 16 месеци да спроведе контрола во некои од фирмите и, како што пишува, „не постојат никакви аргументи со кои власта би се оправдала дека не станува збор за директен напад врз слободата на своите граѓани и тоа на второ место по големина по она по претседателските избори кога победи покојниот Борис Трајковски“.

Нашиот редовен испраќач на пораки, кој се потпишува со С и дупло В, а овој пат наместо името на градот напишал „И самиот не знае“, смета дека случајот со А1 било класично задушување на правото на јавно изјаснување и дека од таа вечер во оваа држава веќе нема никакви човечки права.
„Така беше во времето на Романија, па во Србија, сега во Македонија, но тоа и се очекуваше кога државата ја водат исти како и претходните две држави“.

Петре забележува дека во политиката страда вистината и „жално е што народот се подели“, констатира во својата куса порака, а некој слушател потпишан како „Соросоиди“ смета дека сценариото околу случувањата на 25 ноември е проѕирно и предупредува: „Дами и господа, 90-тите години поминаа“.

Некој потпишан само со „С“ пишува дека следниот затворен ќе биде Бранко Црвенковски, а некој потпишан со „Гледач“ пишува: „Ете што се случува кога сериозни работи се наоѓаат во рацете на пилјари“ и дека медиум не е пакетче смоки или тузот, дека инцидентот не смее да прерасне во притисок од власта, но дека ако е некој криминалец треба и да одговара.

Во меѓувреме во нашиот Хајд парк пристигнаа повеќе коментари за тоа дали политичарите ги одржуваат ветувањата, главно против нив, односно, против политичарите и од двете партии затоа што сите прво гледале само своите џебови да ги наполнат, а ветувањата и народот ги забораваат.
Маки пишува интересна случка за луѓе од своето опкружување кои добиле вработувања, обработливо земјиште и тн... па додава: „Ако Црвенковски ветуваше по еден вработен, а ништо, овие по двајца вработуваат!!! Илјада години ќе владеат вака“, завршува пораката од Маки од МК.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG