Достапни линкови

logo-print

Официјален Вашингтон гневен на „Викиликс“


Објавата на четврт-милион дипломатски коресподенции на интернет странцата „Викиликс“ го разгневи официјален Вашингтон. „Таквите објави ги ставаат на ризик дипломатите, професионалците за разузнавање и луѓето од целиот свет кои им се обраќаат на Соединетите американски држави за помош во промовирањето на демократијата и транспарентноста на владеењето“ се вели во соопштението од Белата куќа.
Американскиот републикански конгресмен Питер Кинг испрати апел за кривично гонење на основачот на интернет порталот „Вики Ликс“ Џулиан Асанж.
Инаку, Британскиот весник Гардијан на својата интерет страна објави делови од досијата на „Викиликс“ во кој во еден дел се спомнуава Македонија. Како што наведува „гардијан“, станува збор за средба на американскиот помошник државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Филип Гордон со француски дипломатски советници. Во дел од документот се пренесува разговорот што го воделе на 16 септември 2009-та и наведено е дека францускиот дипломат Жан Давид Левит изразил надеж оти новата грчка влада ќе биде „посолидна“ и ќе покаже повеќе флексибилност во напредокот со македонско-грчкиот спор за името. Гордон пак изразил надеж дека доколку меѓународната
заедница може да ја убеди Македонија да ја напушти идеата за референдум и воедно Грција да ја напушти идеата за промена на пасошите ќе може да се направи прогрес во разговорите.
XS
SM
MD
LG