Достапни линкови

Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија


Денеска и утре во Брисел ќе се одржи Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија, во кој ќе заседава делегација на Европскиот парламент и на македонското Собрание. Во нацрт препораките, кои треба да бидат усвоени во вторник на крајот од состанокот, се очекува да биде потврдена препораката на Европската комисија за почеток на преговори со Република Македонија, јави дописникот на МИА. Од Брисел во препораките уште еднаш може да се очекува охрабрување на владите на Македонија и Грција за интензивирање на преговорите во рамките на ООН за да најдат решение за разликите околу името.
XS
SM
MD
LG