Достапни линкови

Јужнокорејскиот претседател најави последици за Северна Кореа


Јужнокорејскиот претседател изјави дека Северна Кореа ќе се соочи со последици од своите постапки на агресија. Лее Мјунг Бак не прецизираше за какви последици станува збор за време на своето седумминутно обраќање. Тој додаде дека чувствува „длабока одговорност“ поради тоа што не успеал да ги заштити Јужнокорејците од минатонеделниот смртоносен артилериски напад на Северна Кореа. За време на обраќањето на претседателот, јужнокорејските воени сили извршуваа заедничка воена вежба со припадници на американската војска.

XS
SM
MD
LG