Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ тврди дека Рамковски лаже, СДСМ бара одговори


Владечката партија ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција ги отфрли тврдењата на Велија Рамковски оценувајќи ги како лаги и манипулации. Рамковски вчера изјави дека парите што ги најде министертвото за внатрешни работи се пари кои владечката партија му ги дала нелегално на рака за реклами во А1 телевизија. Во партијата велат дека „Милионерот Рамковски своите лаги, клевети и манупулации ќе мора да ги докаже на суд“ и како што велат кога станува збор за угледот, честа и кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да имаме милост.
Опозициската партија СДСМ на прес конфернција денеска побараа од премиерот Никола Груевски да одговори дали со државни пари плаќал партиски реклами.
XS
SM
MD
LG