Достапни линкови

САД нема да преговара со Викиликс


Стејт Департментот го предупреди основачот на интернет страната Викиликс Џилиан Асанж дека доколку ги објави новите тајни документи ќе го изложи на ризик животот на „безброј“ луѓе, ќе ги загрози глобалните антитерористички операции и односите на САД со сојузниците.
Викиликс најави дека во текот на денов ќе објави неколку тајни документи на Стејт Департментот кои се однесуваат на повеќе земји.
Правниот советник на Стејт Департментот Харолд Кох во писмо до основачот на интернет страната истакнува дека САД нема да соработува ниту да преговара со Викиликс.
XS
SM
MD
LG