Достапни линкови

Груевски утре ќе учествува на Самит во Либија


Македонскиот премиер Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во наредните два дена ќе учествуваат на третиот Самит на ЕУ и Африканската Унија во Либија. Либија ја покани Македонија во својство на земја кандидат за члентво во ЕУ. МНР соопшти дека главна тема на Самитот ќе бидат економскиот развој, инвестиции, регионална интеграција, мир и безбедност и климатски промени.Предвидено е и усвојување на декларација за евидентирање на напредокот постигнат на послениот самит во Лисабон и ќе се обноват заложбите за остварување на Милениумските цели во Африка до 2015-та година.
XS
SM
MD
LG