Достапни линкови

Војската на САД уби еден цивил во Ирак


Американската војска соопшти дека отворила оган врз возило кое се приближило до воениот конвој на автопат во близина на американската воена база во Багдад. При инциденот загинал возчот на автомобилот кој не успел да ја намали својата брзина и да се одалечи од воениот конвој, се вели во сооопштението. Новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на воени извори јавува дека војниците го доживеале возилото како закана за воениот конвој и стравувајќи од можен напад отвориле оган врз него.
XS
SM
MD
LG