Достапни линкови

Јужна Кореја ќе размисли за предлогот на Кина


Луѓе гледаат кон островот Јонпјеонг откако Северна Кореја истрела неколку десетици ракети кон островот на 23 ноември

Луѓе гледаат кон островот Јонпјеонг откако Северна Кореја истрела неколку десетици ракети кон островот на 23 ноември

Министерството за надворешни работи во Јужна Кореја соопшти дека „многу внимателно ќе го разгледа“ предлогот на Кина за вонредни разговори за Северна Кореја.
Кина ги повика во Пекинг на вонредни разговори 6-те влади што учествуваат во преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја, додавајќи дека разговорите нема да значат целосно рестартирање на преговорите.
Состанокот на двете Кореи, САД, Русија, Јапонија и Кина се планира да се одржи на почетокот на декември во Пекинг, каде претставниците ќе разговараат за важните прашања кои ги засегаат.
XS
SM
MD
LG