Достапни линкови

Зголемена тензија пред изборите во Египет


Египетската полиција ги зголеми мерките за безбедност пред денешните парламентарни избори, поради тензиите меѓу партијата на претседателот Хосни Мубарак и исламската опозиција. Десетина илјади полицајци се поставени покрај избирачките места.
Според предизборните анкети се очекува владечката Национална демократска партија да освои мнозинство во парламентот и да ја зајакне својата позиција.Организации за заштита на човекови права сметаат дека веќе е нарушен изборниот процес со апсењето во изминативе неколку дена на опозициските активисти.
За време на минатите избори во земјата во 2005-тата година загинаа 14 луѓе.
XS
SM
MD
LG