Достапни линкови

Јужна Кореа и САД почнаа со воени вежби


Заедничките воени вежби на Јужна Кореа и САД денеска стартуваа во Жолтото Море. Американскиот носач на авион „Џорџ Вашингтон “ на нуклеарен погон и неговата борбена единица им се приклучија на јужнокорејските воени бродови. Вежбите ќе се одржат во меѓународни води во близина на Корејскиот полусторов. Пјонгјанг кој со години го чува регионот на работа на војна со нуклеарната програма и ракетни тестови со долг дострел, денеска издаде предупредување „за непредвидливи последици“ доколку се одржат вежбите. Во меѓувреме Вашингтон инсистира на објаснувањето дека вежбата има одбранбена природа и оти оддамна бил планирана.
XS
SM
MD
LG