Достапни линкови

Протести во неколку градови за поддршка на А1


Во Скопје и во неколку други поголеми градови во Република Македонија беа организрани протести на граѓаните на повик и во знак на подршка на А1 телевизија, Весниците Време, Шпиц и Коха е ре. Собирите беа организирани под мотото Слобода за медиумите. Беа упатувани критики до власта за вчерашните случувања во и околу А1 Телевизија. На плоштадот Пела во Скопје беа присутни и преставници на опозициони партии кои им дадоа подршка на новинарите на овие медиуми.
Како што е познато, Министерството за внатрешни работи за инцидентот со А1 телевизија соопшти дека станува збор за полициска асистенција побарана од инспекторите на Управата за јавни приходи, кои вршеле увид во финансиското работење на шест од вкупно 40 фирми регистрирани на истата адреса. А1 тврди дека станува збор за политички притисок и дека на инспекторите им биле овозможени услови да извршат контрола и не била потребна полициска асистенција.
XS
SM
MD
LG