Достапни линкови

Приземјена авиокомпанија во Македонија


Авиокомпанијата Ер лифт Сервис е приземјена поради долг од над 130 илјади евра. Македонскиот давател на услуги во воздухопловна навигација ги суспендира сите летови на авиокомпанијата Ер Лифт Сервис поради неплатен долг повеќе од една година. Агенцијата за цивилно воздухопловство соопшти дека инспектори извршиле надзор на аердомот „Александар Велики “ за доцнењето на летовите на оваа компанија. Агенцијата информира дека авиокомпанијата има законска обврска да ги информира граѓаните за нивните права и каде да се жалат.
XS
SM
MD
LG