Достапни линкови

logo-print

Русија и Кина разговара за кризата со Северна и Јужна Кореа


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот кинески колега Јанг Џиечи телефонски разговарале за како да се намали тензијата меѓу Северна и Јужна Кореа. Според руското соопштение двајцата министри се согласиле дека е потребно да се дејствува превентивно пред да ескалира состојбата и да продолжат со разговорите во кои учествуваа 6 држави за нуклеарната програма на Северна Кореа. Тенизиите меѓу двете Кореи се зголемија по нападот на Северна врз Јужна Кореа при што загинаа 4 лица.
XS
SM
MD
LG