Достапни линкови

logo-print

Португалија може без финансиска помош


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги демантира наводите дека Португалија е наредната во редот земји за финансиски спасувачки пакет од Европската унија. Според него, ваквите наводи биле целосно погрешни. Претходно со ист став излезе и португалската влада чиј предлог за државниот буџет за идната година вчера мина во парламентот. Пратениците исто така го одобрија и планот за зголемување на даноците и за кратење на платите и социјалните бенефиции со цел да се излезе од кризата.
XS
SM
MD
LG