Достапни линкови

САД: Викиликс е неодговорен


Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека намерите на веб страницата Викиликс да објави дополнителен огромен број доверливи американски информации се неодговорни. Портпаролот Филип Кроули изјави дека тоа ќе доведе во ризик многу животи и многу државни интереси. Тој додаде дека Вашингтон веќе ги информирал сојузничките влади за намерата на Викиликс да објави околу три милиони документи за американски доверливи договори. Тоа, според агенциите, би можело да им наштети на угледот на Соединетите држави во светот.
XS
SM
MD
LG