Достапни линкови

logo-print

Оџалан - разговорите за курдскиот проблем да завршат до 1 Март


Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан кој издржува доживотна казна затвор, посочил дека 1 март е краен рок за примирјето на Курдската работничка партија и предупредил дека дотогаш треба да биде пронајдено решение за курдскиот проблем, јави Си-Ен-Ен-Турк.
Претходно Мурат Карајалан еден од раководството на ПКК објави дека примирјето ќе трае до парламентарните избори во Турција закажани за 12 јуни.
Оџалан додал дека разговорите кои претставници на власта ги водат со него во рамки за изнаоѓање мирно решение за курдскиот проблем, се прекинати минатиот месец.
Оџалан ја дал изјавата на средба со своите адвокати.
Претседателот на турскиот парламент Мехмет Али Шахин изјави за НТВ дека Турција не ја интересираат решенијата на Оџалан или на претставници на терористичката организација.
XS
SM
MD
LG