Достапни линкови

logo-print

Путин - Русија и ЕУ еден ден ќе бидат во иста валутна зона


Поблиските економски врски се неизбежни и можеме да претпоставиме дека Русија и Европа еден ден ќе бидат во единствена валутна зона. Ова денеска го изјави рускиот премиер зборувајки на економскиот форум во Берлин. Владимир Путин изјави дека Европа става бариери за руските компании., Путин истакна дека многу руски фирми сакаат да инвестираат во Европа, но оти често се соочуваат со политички и економски мотивирани пречки. Инаку, на бизнис форумот учествуваат претставници на германски фирми, како Дојче Банк, Сименс и Фолксваген. Попладнево е предвидено Путин да има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
XS
SM
MD
LG