Достапни линкови

Кацин - Македонија може да ја изгуби подршката во ЕУ


Многу сум загрижен за синоќешните случувања во и околу зградата на А1 во Скопје, порача денеска Јелко Кацин – Потпретседател на делегацијата на Европскиот Парламент за Југо-источна Европа. Според Кацин, неприфатливо е во земја кандидат за членство во ЕУ да се спречуваат новинари да ја извршуваат својата работа. Слободата на медиумите е во центарот на политичките критериуми од Копенхаген и затоа земјите кои сакаат да станат дел од ЕУ мора да ги заштитат медиумите од сите видови политички притисок. „Македонскиот народ синоќа беше сведок на организирана престава која единствено може да се разбере као линч над медиумите и обид за манипулација на македонската јавност“. се вели во соопштението на Кацин.
Во последниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија е веќе изразена загриженост за влошувањето на медиумската слобода. Сликите кои се видоа синоќа ја ставаат Македонија во ризична позиција во која може да ја загуби подршката и препораката за почеток на преговори за членство во ЕУ, заклучува Јелко Кацин, наведувајки дека македонската влада мора веднаш да превземе мерки во согласност со препораките на Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG