Достапни линкови

Полска ја поздрави изјавата на Руската Дума за масакрот кај Катин


Полска ја поздрави како чекор напред кон градење доверба денешната изјава на Руската дума, според која, масакрот во Катинската шума за време на Втората светска војна бил извршен по директната наредба на тогашниот Советскиот диктатор Јосиф Сталин.
Во 1940 беше извршен масакр врз околу 20.000 полски офицери и други истакнати граѓани во западниот дел на Русија од страна на советската тајна полиција. Советскиот Сојуз првично ги обвини нацистите.
XS
SM
MD
LG