Достапни линкови

Реакција на три невладини организации на случувањата кај А1


Цивил Рајт Дефендерс од Шведска, Центарот за развој на медиуми и НВО Инфоцентарот го осудуваат вчерашниот настан кај А1 и бараат од властите да спроведат темелна истрага.
Почитувањето на слободата на движење, слобода на говорот и на печатот се основните предуслови кои мора да се почитуваат безусловно. Затоа, ги повикуваме властите да спроведат темелна истрага за ова прашање, врз основа на принципите на владеењето на правото и демократските вредности. Ги повикуваме сите политички субјекти да престанат да ја злоупотребуваат ситуацијата за своја политичка промоција, а сите медиумски работници да покажат професионална солидарност, пред се заради достоинството на професијата и одбрана на сопствените слободи, се вели во реакцијата.
Според нив, известувањето за настанот мора да биде во согласност со професионалните стандарди, во спротивно ќе се соочиме со ситуација која неповратно ќе ја подели новинарската заедница.
XS
SM
MD
LG