Достапни линкови

Руските компании се спречени да инвестираат во Европа, изјави Путин


Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека Европа става бариери за руските компании. Зборувајки на економскиот форум во Берлин, Путин истакна дека многу руски фирми сакаат да инвестираат во Европа, но оти често се соочуваат со политички и економски мотивирани пречки. Инаку, на бизнис форумот учествуваат претставници на германски гигантски фирми, како Дојче Банк, Сименс и Фолксваген. Попладнево е предвидено Путин да има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.
XS
SM
MD
LG