Достапни линкови

Случај А1


Од вчерашното присуство на полицијата пред А1 Телевизија

Од вчерашното присуство на полицијата пред А1 Телевизија

Од А1 велат дека дел од просториите на телевизијата се запечатени со пломби. Инспекторите на УЈП заминале со делумно завршена работа по увидот на ,,Перо Наков бб".

Во раните утрински часови инспекторите на УЈП се повлечени од А1. Дел од просториите на телевизијата се запечатени со пломби од некоја од Управите:
Дел од нашите служби неможат да работат заради тоа, меѓудругото попречен е и компјутерскиот центар од кој што се сервисира целокупната работа. Засега ќе ја продолжиме програмата, а што во текот на денот ќе се случува ќе видиме

,,Дел од нашите служби неможат да работат заради тоа, меѓудругото попречен е и компјутерскиот центар од кој што се сервисира целокупната работа, значи може да бидеме во прилично непријатна ситуација и во поглед на емитувањето на програмата. Засега ќе ја продолжиме програмата, а што во текот на денот ќе се случува ќе видиме."

изјави главниот и одговорен уредник Младен Чадиковски.
Инспекторите на Управата за јавни приходи кои вчера вршеле увид во финансиското работење на шест од вкупно 40 фирми регистрирани на истата адреса, заминале со делумно завршена работа:

,,Денеска во раните утрински часови се повлечени од таму, со дел од потребната документација. Денеска ќе имаме прес конференција на оваа тема."

изјави портпаролот на УЈП Весна Новаковиќ.
Денеска во раните утрински часови се повлечени од таму, со дел од потребната документација

Поозабележително присутно на полицајци денеска нема во телевизијата, велат во А1. Во МВР потврдуваат дека предмет на истрага биле неколку фирми на улицата ,,Перо Наков бб." Најдени се документи за фирмите кои како докази ќе бидат доставени и до меѓународни
Неодамна А1 реагираше со прекин на програмата поради одлука на Советот за радиодифузија
организации со цел телевизиската куќа да не се инволвира поради незаконското работење на фирмите на истата адреса, велат во МВР.
А1 тврди дека станува збор за политички притисок и дека на инспекторите им биле овозможени услови да извршат контрола и не била потребна полициска асистенција. Во последниот период вадата често објавуваше деманти на прилозите објавувани на А1. Телевизијата многу често даваше прилози што се критички настроени кон владата. Вчера на телевизијата се емитуваше прилог за директорот на УБК Сашо Мијалков за непријавен имот од Чешка.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG