Достапни линкови

logo-print

Насилствата во предградието на Рио де Женеиро продолжија


Во приградието на Рио де Женеиро и денеска продолжиле насилствата додека бразилската полиција презема акција против насилни банди кои шверцуваат дрога.
Безбедносните сили претходно испратија блиндирани возила со илјадници полицајци во Вила Крузиеро, во северниот дел на главниот град.
Од полициски извори се дознава дека бандите палеле возила и пукале во обид да ја спречат полицијата. Полициската акција доаѓа по пет дневните насилства во кои загинаа најмалку 30 лица.
XS
SM
MD
LG