Достапни линкови

logo-print

ОН задоволни од хрватско - српскиот договор за бегалците


Канцеларијата на високиот комесаријат на ОН за бегалци во Хрватска ја поздрави информацијата дека Србија и Хрватска постигнале политички договор за решавање на преостанатите прашања поврзани со бегалците и повратниците.
Комесаријатот истакна дека договорот ќе помогне на бегалците да донесат конечна одлука за својата иднина.
Последниот охрабрувачки чекор објавен по средбата на српскиот претседател Борис Тадиќ со неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ во Загреб, ќе помогне на бегалците во донесување на конечна одлука за својата иднина.
Одлуката ќе овозможи решавање на прашањето со раселените лица во двете земји и регионот на еден похуман и достоен начин, изјави канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци во Загреб.
XS
SM
MD
LG