Достапни линкови

МВР за случувањата во А1 - асистираме на финансиска полиција


А1 Телевизија јавува дека и натаму вечерва се наоѓа под полициска опсада. Група од 30-тина полицајци со неколку полициски возила и џипови, доцна попладнето ја блокираа А1 Телевизија и не дозволуваа влез и излез.
Без објаснување и без покажан налог, спротивни на сите закони, сите новинари на А1 Телевизија и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење, објави оваа македонска телевизија
Во врска со вечерашните случувања пред А1 телевизија од МВР информираат дека полицијата постапува по барање за асистенција од финансиската полиција која се обидува да изврши увид во финансиското работење на поголем број фирми регистрирани на оваа адреса. Повеке опозициони политички партии ја осудија постапката на МВР.
XS
SM
MD
LG