Достапни линкови

„Не“ на насилството


Одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените во Скопје

Одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените во Скопје

Одбележан меѓународниот ден за борба против семејното насилство. Годинава се пријавени 498 жртви на семејно насилство, од кои најголем дел, 374 се жени, 79 мажи и 45 деца.

За насилството врз жените и девојките веќе нeма место во ниту едно демократско општество, а неказнувањето на сторителите веќе нема да се санкционира, е пораката на генералниот секретар на ОН, за светскиот ден за борба против насилството врз жените. Координаторката на ОН во
Ова не е прашање што се однесува само на жените, туку и мажите имаат интерес да се искорени ова насилство против жените, нивните сестри, мајки
Македонија Дијадра Бојд вели дека во борбата со оваа појава треба да се вклучат сите.

,,Ова не е прашање што се однесува само на жените, туку и мажите имаат интерес да се

искорени ова насилство против жените, нивните сестри, мајки."

Тепај ја жената секое утро, ако ти не знаеш зошто, таа знае. Ова е стара арапска поговорка која се одомаќинила во нашата традиција.
Министерот за труд и социјална работа Џељал Бајрами вели дека институциите прават се да се промени историската прифатеност на семејното насилство, општествената улога на мажите и жените, прашањето на моќта, авторитетот и легитимноста, премолчените културни обичаи. Но, дека сепак не е лесно да се спречи нешто што е тешко да се открие
Жртвите на семејно насилство притисокот го трпат до последниот момент на нивните сили и помош бараат секогаш кога веќе нивниот живот е загрозен
:

,,Жртвите на семејно насилство притисокот го трпат до последниот момент на нивните сили и помош бараат секогаш кога веќе нивниот живот е загрозен, тогаш кога нивната душа еродирала, тогаш им е потребна помош да го надминат овој дел од нивниот кошмарен живот."

Од јануари до септември оваа година се пријавиле 498 жртви на семејно
насилство, од кои најголем дел или 374 се жени, 79 мажи и 45 деца. Најголем дел од жртвите се Македонци, а потоа следуваат Албанците па Ромите. Повеќе се малтретирани невработени, отколку вработени. А психичкото предничи пред физичкото насилство. Пред неколку недели во земјава започна кампања за борба против насилството врз жените. Познати жени од политичкиот, културниот и невладиниот сектор повикуваат да се каже „НЕ“ на насилството.
Но, претседателката на здружението на жени „Радика“ Азиза Саноска вели дека има забелешки за кампањата.

,,Немаме успех ние со овие жени, затоа што тие сите се моќни жени, а за ваква кампања требаше поинаку да се направи, реални жени што можат тоа да го кажат, што навистина се соочиле со такви проблеми."

Невладините кои се занимаваат со правата на жените, велат дека се почести се пријавите за насилство, но не затоа што сега има повеќе жртви, туку затоа што тие се освестувата дека злосторството мора да се пријави и да се казни.
Годинава до судовите биле доставени 124 пријави за семјно насилство, од кои во 102 биле изречени мерки.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG