Достапни линкови

Шеги за џуџуња во британската политика


Британскиот премиер Дејвид Камерон стана цел на критики откако ја повтори шегата во која го споредува претседателот на парламентот со едно од седумте џуџуња на Снежана. Спикерот Џон Берков е висок 168 сантиметри.
Фондација што им помага на луѓето со низок раст соопшти дека шегата е „едноставно ужасна“ и е целосно неприфатилво „највлијателната личност во државата да прави одвратни шеги на сметка на нечија височина.“
Од кабинетот на Камерон изјавија дека немал намера никого да навреди. Сопругата на нискиот спикер, пак, возврати на социјалната мрежа Твитер. Таа напиша, ако мојот сопруг е “џуџе, тогаш јас сум Снежана, а Дејвид Камерон е џуџето Глупчо (најмалото џуџе од приказната за Снежана).
XS
SM
MD
LG