Достапни линкови

Груевски: Спорот со името е идентитетско прашање


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изјави дека проблемот со името е идентитетско прашање. Груевски од собраниската говорница одговарајќи на пратенички прашања изјави дека во 2005-тата година посредникот во преговорите Метју Нимиц доставил еден предлог до тогашната влада во кој македонскиот јазик го немало во решението. Тој вели дека како лидер на тогашната опозициска ВМРО ДПМНЕ не се согласил со предлогот додека владата го прифатила и со тоа се видел првиот сигнал дека некој во државата е подготвен да прифати бришење на делови од идентитетот на народот.
XS
SM
MD
LG