Достапни линкови

Иванов се сретна со амбасадорите во Македонија


Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се сретна со амбасадорите во Македонија од земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство во ЕУ.Од пртеседателскиот кабинет соопштуваат дека на средбите разговарале за актуелни прашања во однос на евро-атлантските перспективи на земјата. Во соопштението е наведено дека Иванов изјавил дека годинашниот извештај на Европската Комисија дава реална оценка за постигнувањата и за слабостите. Иванов истакнал дека ќе се заложи за што поскоро надминување на посочените слабости и ќе инсистира на исполнување на Акцискиот план за членство на Македонија во ЕУ.
XS
SM
MD
LG