Достапни линкови

logo-print

Друцас: Грција е подготвена за решавање на спорот со името, Скопје не е


Грција е подготвена веднаш да се реши прашањето за името, но за тоа е потребно Скопје само да покаже слична волја и конструктивен дух, што засега ги нема. Ова го изјави шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас во интервју за унгарскиот весник „Маѓар Немзет“. Тој додава дека двете земји не можат да станат партнери се додека властите во Скопје спроведуват политика со која се доведува во прашање политичката реалност, како што вели, историски Македонија е регион кој денес им припаѓа на ПЈРМ, Албанија, Бугарија и најголемиот дел на Грција и затоа e неопходно оваа реалност да се рефлектира и во името.
XS
SM
MD
LG